Претседателот Доналд Трамп ја критикуваше американската вселенска агенција НАСА за намерата повторно да испрати астронаути на Месечината во 2024 година.

„НАСА не треба да зборува за одење на Месечината, тоа го направивме пред 50 години“, напиша Трамп на Твитер.

Според него, НАСА треба да се фокусира на Марс.

Администраторот на НАСА Џим Брајденстин како одговор до Трамп порача дека тие ја користат Месечината за да ги испратат луѓето на Марс. НАСА планира да изгради една вселенска позиција во лунарната орбита од каде ќе биде можно да се испратат астронаути на површината на Месечината до 2024 година, што е дел од пошироката иницијатива за Месечината да се употреби како појдовна точка за можни мисии на Марс.

извор: Makfax