Американскиот претседател Доналд Трамп нареди протерување на 60 руски дипломати, поради труењето на пораншениот шпион Скрипал во Британија, објави Би-Би-Си. Германија, Франција и Украина исто така објавија дека ќе протераат руски дипломати од нивните земји.

Европските лидери се согласија минатата недела дека е многу веројатно дека Русија стои зад труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Русија ги отфрли обвинувањата за нападот во Салсбери.

САД исто така ќе наредат и затворање на рускиот конзулат во сојузната држава Сиетел, објави Ројтерс. Во соопштението на Стејт департментот се наведува:
„На 4 Март, Русија употребила воен нервен агенс во обид да го убие британскиот граѓанин и неговата ќерка во Салсбери. Овој напад на нашиот сојузник – Велика Британија, става во ризик голем број на невини животи и резултира со сериозни повреди врз три лица, вклучително и е
ден полицаец“.

Во соопштението, инцидентот е опишан како срамна повреда на Конвенцијата за хемиско оружје и прекршување на меѓународното право”.
Во САД, 48-те руски дипломати, кои ќе бидат протерани, се наоѓаат во руската амбасада во Вашингтон, како и другите кои се наоѓаат во Обединетите нации во Њујорк.

извор: Makfax