Мексико плаќа (индиректно) за пограничниот ѕид преку новиот договор САД-Мексико-Канада (УСМЦА) и сега многу повеќе пари доаѓаат во САД! Поради огромните опасности на границата, вклучувајќи го и големиот криминал и прилив на дрога, војската на САД ќе го изгради ѕидот, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.

Изградбата на ѕид на границата меѓу САД и Мексико беше едно од клучните ветувања на Трамп во неговата претседателска кампања. Тој верува дека ѕидот ќе ги запре нелегалната миграција, како и трговијата со луѓе и дрога.

Во јануари 2017 година, Трамп потпиша извршна наредба со која го иницираше процесот на градење на ѕидот. Администрацијата на Трамп побара 5 милијарди долари за проектот во буџетот на Одделот за домашна безбедност-барање што демократите и некои републиканци се противат.

Коментирајќи за ситуацијата, американскиот претседател на Твитер напиша дека „ на еден или друг начин ќе победи на ѕидот“. Конгресот има рок до петок на полноќ да ги достави финансиските сметки за неколку владини агенции, вклучувајќи ја и службата за домашна безбедност.

извор: Makfax