Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун е човек од збор.

„Тој потпиша договор, потпиша договор за денуклеаризација. Тоа беше во Сингапур. Јас мислам дека тој е човек од збор, но ќе видиме што ќе биде“, изјави Трамп.

Ким претходно денеска најави дека неговата држава ќе продолжи да развива нуклеарна програма и најави претставување „ново стратешко оружје“.

извор: Makfax