Американскиот претседател, Доналд Трамп, во вторникот го премина прагот на потребни делегати за да биде прогласен за победник во внатрепартиската претседателска трка на Републиканците, што беше само формалност во неговата кампања.

„Честитки до Доналд Трамп кој е републикански кандидат за претседателските избори“, соопшти на Твитер, лидерката на Републиканскиот национален одобор, Рона Мекданиел.

Флорида му ги даде делегатите што му беа потребни, нагласи таа.

„Нашата партија е единствена, нашите поддржувачи се полни со енергија и ние сме подготвени за уште четири години“, посочи Мекданиел.

Доналд Трамп, кој ќе бара втор мандат на изборите на 3 ноември, никогаш не се најде во опасност од републикански противник, иако уште тројца други влегоа во трката.

извор: Makfax