Десетина агенти на американските тајни служби ќе бидат ставени во карантин поради мерка на претпазливост, по собир на претседателот Доналд Трамп во Тулса, во Оклахома.

Тајните агенти кои го следат Трамп за време на претседателската кампања, ќе мора да бидат тестирани за коронавирус во следните недели, а сите агенти ќе мораат да се тестираат 24 до 48 часа пред одреден собир, пренесе Си-ен-ен.

Како што се наведува, карантинот нема да влијае на работата на оперативците.

„ Само сакаме да бидеме сигурни дека имаме здрава работна сила и да ги штитиме нашите луѓе. Ова е добра одлука“ рекол претставник на службите.

Тој додал дека одлуката е преземена откако двајца разузнавачи, кои го следеле Трамп, биле позитивни на коронавирус.

извор: Makfax