Претседателот на САД, Доналд Трамп, на предизборниот митинг во Небраска во вторникот вечерта рече дека тој е тој што ставил крај на „400-годишниот конфликт меѓу Србија и Косово“.

Говорејќи за договорот потпишан од Белград и Приштина во Вашингтон, Трамп рече дека  прекинати се 400 години на убиства.

Дали знаевте дека сум номиниран за три Нобелови награди за мир? Може ли да поверувате? Што се однесува до регионите како Косово и Србија, ние правиме трговски договори. Реков: „Чекај малку, зарем не се борат постојано едни со други?“ Да. Многу децении? Како знам? Реков дека знам, тие постојано се борат едни со други – рече Трамп, како што објави портпаролот на Белата куќа.

Трамп додаде дека нема да прави никаква бизнис активност со Србија и Косово, ако тие не се согласат да престанат да се убиваат едни со други.

– Знаете што се случи? Сето тоа траеше 20 минути. Тие се борат 40 години, иако мислам дека се борат 400 години, но тие сакаа да се согласат. Пред два месеци тие беа во Овалната соба, се бакнуваа и се гушкаа. Беше лесно – рече Трамп.