Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ќе ги посети Националните гробишта во Арлингтон, соопшти Белата куќа, што ќе биде прво негово јавно појавување по соопштувањето на резулатите од претседателските избори.

Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе ги посетат гробиштата за да го одбележат Денот на бранителите, изјави за Ројтерс портпаролот на Белата куќа Џад Дир.

Претходно американскиот државен обвинител Вилијам Бар ги овласти федералните обвинители да отворат истраги за нерегуларности во гласањето. Администрацијата на Трамп го повика Министерството за правда да ги испита тврдењата за измама, а изборниот штаб на Трамп покрена неколку тужби во повеќе држави.

Трамп пред неколку часа преку „Твитер“ најави дека корупцијата со гласачките ливчиња ќе биде откриена вечерва на „Фокс њуз“.