Американците ќе мора да учат кинески јазик ако Џо Бајден биде избран за претседател на САД, порачал американскиот претседател Доналд Трамп. Тој во интервју на радио за конзевативно орјентираниот новинар Хуго Хевит, засебе зборувал во трето лице еднина, пренесува СНН.

– САД ќе биде во сопственост на Кина ако Трамп загуби. Ако не победам на изборите, Кина ќе ги поседува САД. Ќе мора да научите кинески јазик – рекол Трамп.

Односите САД-Кина се во центар на предизборната кампања на републиканците на Трамп и демократите на Бајден. Трамп ја обвинува Кина за ширење на корона вирус и прикривање податоци за вирусот, со што неговата администрација преземала неколку потези кои довеле до напнатост во односите со Кина, пишува СНН