Американскиот претседател Доналд Трамп нареди повлекување на речиси сите американски војници од Сомалија најдоцна до 15 јануари, соопшти Пентагон.

САД имаат околу 700 војници во Сомалија, кои им помагаат на локалните сили во борбата против бунтовничката група Ал Шабаб, поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда.

Мисијата се смета како основа за глобалните напори на Пентагон да и се спротивстави на Ал Каеда.

Трамп веќе најави намалување на бројот на војниците во Авганистан и Ирак.

извор: Makfax