Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека војната во Авганистан е вистинската причина зошто Советскиот Сојуз се распаднал.

Трамп за телевизијата „Фокс” рече дека Советскиот сојуз бил во право кога започнал војна во Авганистан, особено поради тоа што оттогаш имаше голема терористичка закана од Талибанците.

Во моментов, додаде тој, покрај САД, и Русија, Индија и Пакистан, ситуацијата во Авганистан е решена.

Советскиот Сојуз влезе во Авганистан во 1979 година, а десет години подоцна ја извлече и последната единица оттаму.

Трамп повторно зборуваше и за повлекување на војниците од Сирија. Тој рече дека американските војници ќе се повлечат од Сирија во одреден момент.

Тој написите во медиумите дека повлекувањето ќе се случи во наредните неколку месеци, рече дека се лажни.

На крајот на декември, Трамп го објави повлекувањето на војниците од Сирија, принудувајќи ја Турција да се бори против она што останува од Исламската држава.

По неговата најава „Њујорк тајмс“ напиша дека повлекувањето ќе се случи во наредните неколку месеци, на што Трамп реагираше.

„Никогаш не сум рекол брзо или бавно. Некој рече четири месеци, но јас не го кажав тоа “, рече Трамп.

извор: Makfax