Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе не е ризик за трансмисија на Ковид-19 на други луѓе, потврди докторот во Белата куќа, Шон Конли. Тој веќе не мора да биде изолиран.

Ова е прва информација за здравјето на Трамп од вторникот.

Имаше загриженост дека тој можеби е се уште заразен откако помина три дена на лекување во болница. Но, во соопштението не се наведува дали Трамп се тестирал и е негативен на коронавирус.

Во меморандумот на лекарот се вели дека најновите тестови на претседателот откриле дека „веќе нема докази за активно реплицирање на вирусот“ и дека неговото вирусно оптоварување „се намалува“.

Во меморандумот, д-р Конли рече дека на претседателот Трамп му биле направени чувствителни лабораториски тестови кои откриваат колку вирус сè уште има во неговиот организам.

„ Оваа вечер сум среќен да известам дека покрај исполнувањето на критериумите на Центaрoт за контрола и превенција на болести од страна на претседателот Претседателот за безбедно прекинување на изолацијата, примерокот за Ковид-19 PCR од утрово покажува дека според моментално признатите стандарди, тој повеќе не се смета за ризичен за другите “, рече тој.

Трамп првпат започна да покажува симптоми на коронавирус пред 10 дена и беше примен во медицинскиот центар Валтер Рид еден ден подоцна, на 2 октомври.

Додека беше таму, покрај другите лекови тој беше третиран и со дексаметазон, стероиден лек кој обично се користи само на луѓе кои се сериозно или критично болни од вирусот.

извор: Makfax