Американскиот претседател, Доналд Трамп, за „Фокс њуз“ изјави дека престанал да пие антивирусни лекови.

„Сега веќе не земам никакви лекови“, изјави Трамп.

Се очекува денеска тој да им се обрати на своите приврзаници од балконот на Белата куќа, а за в понеделник закажа митинг во Флорида.

Трамп и неговата сопруга Меланија пред 19 дена објавија дека се заболени од Ковид-19. Трамп помина три дена во болница.

извор: Makfax