Американскиот претседател, Доналд Трамп, оцени дека бројот на починати во Кина од коронавирус е многу поголем од официјалниот број кој го соопштиле кинеските власти.

„Кина само што соопшти двојно поголем број на смртни случаи од невидливиот непријател. Тој број е далеку поголем и многу поголем од бројот на починати во САД“, објави Трамп на „Твитер“.

Американскиот претседател го објави ова откако властите во кинескиот град Вухан од каде што почна епидемијата на крајот на минатата година ги сменија податоците за бројот на починати од коронавирус.

Според новиот биланс, во Кина починале 4.632 луѓе.

Во САД од Ковид-19 починале 33.000 луѓе.

извор: Makfax