Демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон изјави дека победата на нејзиниот ривал од Републиканска партија, Доналд Трамп на ноемвриските избори за претседател на САД би било катастрофа за американската економија.

Таа наведе дека сите економисти, без оглед дали се десно, лево ориентирани или се припадници на центарот, се согласуваат дека Трамп ќе ја врати рецесијата во САД.

Клинтон во говорот во Коламбас повтори дека Трамп според темпераментот е неподобен да ја води земјата.

Таа додаде дека планот на Трамп за даноците ќе биде во корист на богатите, а на штета на работниците.