Вчера на локалниот пат Македонска Каменица – село Тодоровци се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор со делчевски регистарски ознаки управуван од К.М.(22) и мотоцикл управуван од М.Ј.(64), и двајцата од селото Тодоровци, М.Каменица.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.

извор: Makfax