Турист од Србија настрадал на плажата Олимпик Бич кај Паралија, кога го поклопил голем бран, неофицијално дознава Телеграф.рс.

Човекот имал околу 50 години, а се претпоставува дека добил инфаркт додека се наоѓал во вода, по што се изнапил вода. Во помош му дошле и спасувачи, кои 15 минути се обидувале да му го спасат животот, но безуспешно.

Инаку ова е втора смрт на српски турист на плажата Олимпик Бич во последните две недели.

Стефан П. од околината на Пожаревац, на 22-ри август се удавил во вода и тоа кога сакал само уште еднаш да се искапе пред заминување дома.

Стефан имаше само 19 години, а на одмор бил со својата сестра.