Момчето кое се здоби со тешки изгореници на телото од пожарот што изби вчера во неговиот стан во Тетово почина.

Младото момче беше сместено под респираторниот апарат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега.

И покрај третманот, лекарите велат дека длабочината на изгорениците нанела штета на многу негови витални органи.