x

Трагедија: На тренинг почина фудбалер на Локомотив Москва!

Страшна трагедија во Русија. Имено фудбалер на Локомотив Москва денеска почина после здравствените проблеми кои ги имал во текот на индивидуалниот тренинг.

Московскиот клуб соопшти дека на 22 – годишниот Инокентиј Самохфалов, му се слошило во текот на тренингот,

“Се утврдуваат деталите околу оваа трагедија. Тој беше добра личност, добар пријател. Сите ние во Локомотив сме потресени“ стои во соопштението.

Инаку фудбалерите на рускиот клуб тренираат поединечно, од причина што заедничките тренинзи, поради Ковид-19, се забранети.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата