x

Трагедија: Италијански велосипедост почина од корона, имаше само 21 година!

italijanski-velosipedist

Михаел Антонели почина како последица од коронавирусот и тоа на само 21 година. Страшна тагедија за италијанскиот спорт. Имено Антонели беше голема надеж за велосипедизмот во таа земја, но немаше среќа. Тој пред две години преживеа тежок пад на една трка во Италија. Се удри во брдо и имаше потешка повреда на главата. Во тешка состојба беше префрлен со хеликоптер беше префрлен во болница. Таму мина неколку месеци, регираше на околината, а почна и сам да јаде без помош од страна.Почна и да ги препознава блиските и беше пуштен на домашно лекување. Коронавирус „закачи“ минатиот месец, а пред три дена беше пренесен во болница, докторите вложиле максимални напори за да го спасат, но сепак тој поради респираторни компликации починал, поради нарушување на неговото здравје од претходно, едноставно не успеал да се извлече.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата