Црногорскиот пејач Перо Стефановиќ во јавноста попознат како Перо Трокадеро денеска загинал во сообраќајна несреќа која се случила на Јадранската магистрала во населбата Селианово кај Тиват.

Според неофицијалните информации, дошло до директен судир на две возила, а со едното управувал Стефановиќ.

Како што наведуваат српските медиуми, додека возел на Перо му се слошило и со автомобилот „рено меган“ со регистарски таблички од Подгорица удрил во такси возило. Во сообраќајката никој од преостанатите патници не е повреден. На лице место веднаш стигнала екипа на брза помош од Тиват, но не можеле да помогнат. Истрагата е во тек.