На 20.09.2020 во 18.10 часот на локалниот пат кај с.Челопеци во Кичево, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(73) од Кичево, удрило во двајца пешаци- малолетници од с.Челопеци, Кичевско.

По незгодата, тие биле пренесени во Медицински центар Кичево, при што кај едниот биле констатирани телесни повреди, а кај другиот тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.