x

Трагедија во Еквадор: Фудбалер застрелан пред неговата куќа

Еквадорскиот фудбалер Един Еспиноза (20), член на клубот Гвајакил Сити, бил застрелан пред својата куќа од засега непознати сторители, јавуаат медиумите.

Клубот на својот профил на „Твитер“ ја објави оваа трагедија. Играчот од средниот ред бил застрелан неколку пати.

Еспиноза бил дел на резервниот тим на Гвајакил Сити, и како и сите фудбалери во светот, ги почитувал мерките и тренирал од дома.

Првенството во Еквадор беше прекинато на 15 март.

Ова не е прв случај со убиство на фудбалер во Еквадор. Во 2019 година Жосуе Квианез од Интепендиенте Јуниорс беше застрелан за време на напад.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата