x

Трагедија во Бразил: Млад фудбалер загинал од струен удар!

Тажна, страшна вест пристигнува од Бразил. Кајо Фелипе Луто, фудбалер на Индепендијенте де Лимеира, на само 21 година на трагичен начин го загубил својот живот. Луто починал од струен удар, откако се закачил несакајќи на неколку каблови. Глетката била страшна.

Инаку Луто во дресот на својот тим како лев бек, одиграл 22 натпревари и постигнал шест голови.

„Со големо жалење објавуваме дека нашиот фудбалер го загуби својот живот. Искрено сочуство до неговото семејство и неговите пријатели“ стои во соопштениете на клубот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата