Во саботата, контроверзниот Андрија Драшковиќ (43), во кругот на најблиските пријатели на сплавот Амбисс и во кафулето Певацц во Белград го прослави своето излегување од италијанскиот затвор. Првата порелаксирана “тура” почнала во “Певац” каде Андреа дошол со неколку пријатели, меѓу кои биле Јоца Амстердам и Милан Шево, како и со шестмина телохранители, пишува “Курир”.

Потоа, избраното друштво доцна вечерта, со два “штаер пух” џипови и блиндирано “ауди 7” пристигнало во ноќниот клуб на сплавот “Амбис”, каде се славело до зори. Дрштвото било весело и бучно, највесел бил славеникот дон Андреа, а најмирен од сите Сретен Јоциќ , попознат како Јоца Амстердам (44).

Секако, најмногу се пееле “кирилични хитови”, а атмосферата и расположението кулминирало кога певаљката им ги запела песните “То, Мики, то” и Доѓе једном са истока богат шеик тамна ока”. На масата келнерите постојано носеле најскапи пиајлоци, меѓу кои и повеќе шишиња од шампањското “кристал”, чија цена е 30.000 динари за шише. На крајот Дон Драшковиќ, на радост на газдата и келнерите искеширал неколку илјади евра.

Инаку, Драшковиќ уште минатиот понеделник излегол од италијанскиот затвор, а во четвртокот од Пиза со авион слетал на белградскиот аеродром “Никола Тесла”.