За генерал Стојанче Ангелов турбо-фолкот е забранета музика. За време на снимањето на шоуто „Еден на Еден“, тој на авторот и водител Жаре му раскажал дека неговите војници ги мотивирал строго со патриотска музика. Имало пет песни кои војниците мораат да ги научат напамет, и тој ги проверувал дали точно ги знаат стиховите. Освен што е вљубеник во патриотските песни, Ангелов сака и џез, но и техно.

Му се јавив на Мирко Попов, се договараме да правиме техно журка на Голак, во базата на тигрите. Кога стасав кај него, тој ме гледаше малку чудно и ми рече: Ај ве молам застанете малку подалеку, да не мислат комшиите дека ме апсите“, му открил Ангелов на Жаре.

Во емисијата која ќе се емитува во недела од 18.30 на Канал 5, Стојанче откри други интересни приказни од својот живот, приватни и професионални.