За да докаже дека Земјата е сепак рамна плоча, Мајк Хјуџис (61) направи сопствена ракета и ја лансираше на преку 500 метри во воздух.

Слета во пустината Мохаве, а после прегледот од страна на докторите, утврдено е дека има само болки во грбот.

– Се чуствувам могу полесно сега. Ми беше доста од тоа дека сум се преправал и не сум ја направил ракетата. Уморен сум од тие работи, и затоа го направив тоа, рекол тој по слетувањето.

Иако неговото лансирање било закажано за крај на минатата година, поради бројните дозволи, а и техничките проблеми, Хјуџис го одложувал својот лет се до неделата.

Хјуџис инаку е возач на лимузина, а неговата ракета полетала околу 15 часот, бидејќи ја достигна одредената висина и брзина, го отворил падобранот, и понатаму пребрзо паднал па го отворил и резервниот. Целото случување траело околу неколку минути.

– Верувам ли дека Земјата е рамна како фризби? Верувам дека е. Но го знам ли тоа? Не. Затоа и сакам да одам во вселената, истакнал Хјуџис. Тоа е негов следен проект.

Сака да направи нова ракета која ќе го однесе до атмосферата.

Ова е веќе втор пат да направи ракњта и да ја лансира. Прв пат, вели дека тоа го направил во 2014 година, а за опорувањето од слетувањето му требало три дена.