Ако за момент им се препуштиме на предвидувњата на астролозите за Тоше, за оваа година, тој би требало да оствари уште поголеми успеси на сцената, да освои нови женски срца и да им се врати на некои од старите, по малку запоставени, навики. Астролозите велат дека ќе ги заврши испитите на Музичката Академија и ќе ги обнови спортските навики. За ова второво сме повеќе од сигурни. Тоше, деновиве, активно тренира кик-бокс, се вози со својот џип и ужива во новиот комотен стан. -Имам време за се, а најмногу за пријателите, со кои ми е задоволство да се напијам кафе и да поразговарам, вели ѕвездата. Потрошеното време на кик-боксот многу ме освежува и релаксира, особено кога не снимам. Инаку, тој е во фаза на снимање на новиот албум, кој треба да излезе до јуни и склучување нови договори за концерти и настапи низ Европа и Русија. (Ва.Ѓ.)