Давид Тошевски во дербито на Првата лига на Русија, на мечот Ростов – Зенит, е на клупата на домашниот тим. Во моментов се игра првото полувреме, а гостите водат со 1:0. Дали тренерот Карпин ќе му даде шанса на нашиот интернационалец да дебитира во дресот на Ростов, останува да се види. На минатиот меч Македонецот не беше во комбинација.
Да се потсетиме дека ова лето Давид направи трансфер од Работнички во Ростов за вкупно 3 милиони евра.