x

Тошевски во Белград ги помина прегледите, утре лета за Ростов

Талентираниот играч на Работнички Давид Тошевски направи трансфер во Ростов. Како што информиравме рускиот премиерлигаш го го „врза“ нашиот играч со договор до два милиони евра за пет години, а неговиот клуб ќе добие 900.000 евра.

Тошевски денеска ги поминал лекарските прегледи во Белград, а веќе утре лета кон Ростов на Дон да им се приклучи на новите соиграчи во ФК Ростов. Неговиот клуб е еден од подобрите во руската Премиер лига, а во последните години бележи голем напредок.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата