x

Тотенхем се подалеку од ТОП 4, Лестер го искористи малерот на Њукасл (ВИДЕО)

Пораз од 1:0 на гостувањето кај Саутемптон го остави Тотенхем на Жозе Мурињо далеку од водечката четворка на табелата во Премиер лигата. Лондончани не успеаја да го искористат денешното реми на Челзи со Брајтон, па дозволија пораз на „Ст. Мери“ кај непредвидливиот Саутемптон со што останаа наминус 6 во однос на „сините“ од Лондон кои се на 4. место на премиерлигашката табела.

Победата на Саутемптон ја донесе Дени Ингс со голот во 17. минута.

Лестер, пак, успеа триумфално да замине од „Ст. Џејмс Парк“ откако со 3:0 го победи Њукасл. „Лисиците“ го искористија големиот „пех“ на домашните кои останаа без четворица првотимци до 60. минута, кои поради повреди не можеа да го продолжат мечот. Тоа беше добредојдено за Лестер кој со головите на Перез, Медисон и Чудхари дојде до вреди три бода за задржување на 3. место на табелата.

Вотфорд, пак, славеше дома над екипата на Вулверхемптон со 2:1 и вчезе во извонредна серија од 4 меча без пораз со три победи кои полека го одлепуваат од дното на табелата.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата