x

Тотенхем му нуди нов договор на Сон вреден 57 милиони евра

son-totenhem

Тотенхем подготвува нов петгодишен договор за Хеунг-Мин Сон. Неговата актуелна соработка завршува во 2023 година, но раководството на клубот сака да го осигура за во иднина.

Тој би требало да заработува по 220.000 евра неделно заедно со бонуси и времето минато на теренот. Според овие пресметки, би можел да заработи 57 милиони евра.

Тотенхем не сака да се доведе во ситуација да ги пушти играчите пред истекувањето на нивниот договор, како што тоа го стори Кристијан Ериксен кој замина во Интер.

Сон оваа сезона е во одлична горма, во осум меча постигна девет гола, беше стрелец на последниот меч во Лига Европа против ЛАСК.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата