x

Тотенхем контактира со Модриќ за негов „кам-бек“

luka-modric

Лука Модриќ ќе остане без договор по завршувањето на сезоната, и би можел да го напушти Реал Мадрид како слободен агент. Според одредени медиуми во Англија, менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо веќе стапил во контакт со Модриќ, да го праша како е расположен да се врати во Тотенхем.

Сепак, многу работи ќе зависат и од Реал Мадрид, односно дали ќе му го продолжи договорот на Хрватот, или, пак, ќе му дозволи да си замине како слободен агент.

За него има интерес и од Италија. Интер и натаму е заинтересиран за услугите на Модриќ, но се чини дека предност ќе има Тотенхем, каде што Модриќ мина од 2008 до 2012 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата