x

Тотенхем: „Дајте 200 милиони фунти, и Кејн може да биде ваш“

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви ја одреди цената за Хари Кејн кој во последно време се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед. Тој им ја кажа цената на тимот од „Олд Трафорд“, односно таа изнесува неверојатни 200 милиони фунти, што би било рекорден трансфер.

„Дајте 200 милиони фунти, и Кејн може да биде ваш“, наводно им порачал Леви на Манчстер Јунајтед, пренесува „Дејли Мејл“.

Сепак, ова е огромна цена и тешко дека Манчестер ќе се согласи да ја плати оваа цена за голгетерот кој во последните години е еден од најдобрите во Англија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата