x

Тотенхем го среди Лестер и му направи услуга на Јунајтед (видео)

Екипата на Тотенхем со 3:0 го победи Лестер во 37. коло на Премиер лигата и му даде шанса на Манчестер Јунајтед да се довлечка до четвртото место , последно кое води во Лигата на шампионите. Со автоголот на Џастин во 6. минута „спарси“ поведоа, а потоа два гола дадек Хари Кејн и во двете ситуации на асистенција на Лукас Мура.

Сите три гола паднаа во првото полувреме. Во второто резултатот не се менуваше и така Тотенхем стигна до 16. победа која го искачи на шестото место кое води во квалификациите за Лига Европа. А истовремено му направи услуга на Манчестер Јунајтед кој со триумф во следните две кола може да ја освои четвртата позиција на табелата.

Манчестер Јунајтед треба да игра со Вест Хем во среда (22 јули), а потоа во директен дуел со Лестер ќе одлучуваат за четвртото место.

А и Тотенхем не е сигурен на шестата позиција затоа што Вулверхемптон има два меча помалку, а „спарс“ треба да играат уште еден.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата