x

Тотенхем го бара Шкрињар на позајмица, со право на откуп за 40 милиони евра

skriniar

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, оди со нова стратегија во обидот да го добие потписот на фудбалерот на Интер, Милан Шкрињар. Според англиските медиуми, тимот од северен Лондон сега се обидува да го убеди миланскиот состав да му го даде Словакот на позајмица на една сезона, со право на откуп следната сезона.

Според италијанските новонари, Англичаните се подготвени да му понудат на Интер договор за закуп за една сезона со опција за откуп од 40 милиони евра. Интер не крие дека бара 60 милиони евра за трансфер на дефанзивецот, но опцијата со позајмицата може да се исплати, доколку Тотенхем плати околу 10 милиони за една сезона на Шкрињар во Лондон.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата