x

Торонто Репторс се селат во САД!?

gettyimages-1191581006-e1603340873126

Иако сеуште не е точно детерминиран датумор за старт на новата НБА сезона, веќе одсега проиблемите кои ги создава пандемијата од коронавирус се на маса, и мора да се решаваат.

Едено клучните моменти е фактот што Торонто Репторс, неодамнешниот шампион на НБА лигата многу веројатно дека ќе мора своите мечеви како домаќин  да ги игра на некоја друга локација и тоа во САД.

Сите се свесни за големите рестрикции при патувањето на релација Канада – САД, на НБА лигата смета дека е многу побезбедно и подобро клубот своите мечеви да ги игра на територијата на САД. Се разгледуваат неколку градови како опции, а веќе ваков пример имаме со тимот на Блу Џејс МЛБ безбол тимот кој своите мечеви ги игра во Балтимор. НАјблиску засега според Американските медиуми, Репторси се до градот Луивил.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата