Со ребалансот на годинашниов буџет Владата, 110 милиони денари намени за една делница на патот Радовиш -Струмица, 100 милиони денари доби Министерството за локална самоуправа за зафат на патната инфраструктура на патот Тетово-Гостивар, околу 40 милиони денари се наменети за изградба на две основни училишта.
Како што велат од Министерството за финансии, од предвидените 98 инвестициски проекти веќе во тек на реализација се изградбата на хидроцентралата “Злетовица”, (прва фаза), автопатот Неготино-Демир Капија, реконструкција на каналот од ХМС “Брегалница”, изградба на ХМС “Лисиче”, браната со придружни објекти), рехабилитација на хидромелиоративните системи “Тиквеш”, “Брегалница”, “Бистрица”, водоснабдителен систем Прилеп, санација на почнатиот тунел на Савска река, реконструкција и изградба на прочистителни станици, реализација на проектот МЕАП за набљудување на животната средина и реализацијата на програмата за изградба на водоводна и фекална канализација во населени места за која парите се целосно обезбедени од годинашниов Буџет.
На оваа листа проекти во најголема мера мислеше и владиниот советник Теодор Вајгел, кој сепак “топло” и препорача на Владата од “топ 30” сугерирани проекти, да направи потесна селекција од само неколку на кои ќе ја насочи сета енергија за привлекување на странски инвестиции, за нивна реализација.