Состојки: 300 гр компир, 150 гр прашка шунка или пржено мелено месо, 3 јајца, брашно, презла, кесичка кикирики. Подготовка: Компирот се вари, се гмечи, па се додаваат три лажици брашно и едно јајце. С&”238; добро се замесува додека не се добие густа смеса. Се додава исечканата шунка или меленото месо, сол, бибер и оригано. Со дланки намачкани со брашно, се прават топчиња од смесата, се валкаат во брашно, па во јајца, а потоа во презла помешана со мелени кикирики. Топчињата се пржат во врело масло додека не поруменат.