Македонските граѓани по се изгледа нема долго да уживаат во топлите денови.  Топлото и сончево време ќе преовладува и денеска, а ќе се задржи до утре, недела.

Во понеделник, според метеоролозите, ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни кон крајот на денот.

Значителна промена на времето се очекува во вторник, проследена со опаѓање на температурата, пообилни врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од снег.