Дефанзивецот на премиерлигашот Челзи, го искористи слободното времето кое го има на располагање до почетокот на подготовките со „сините” да се одмори на хрватското крајбрежје. Тој беше уловен од страна на папраците на јахта со својата поубава половина и воопшто не се грижеше за присуството на медиумите, кои направија ексклузивни фотографии од одморот на најдобриот дефанзивец во англиското првенство. Напротив, на целиот свет му покажаа дека се уште се лудо вљубени еден во друг. Светските медиуми открија и дека за една недела на јахтата Тери плаќа половина милион евра, а не штеди ниту на потребите за својата сопруга. Тој и ги исполнува сите нејзини желби, додека убавицата е задолжена да му ги наполни батериите пред почетокот на новата сезона. Со ова двојката покажа дека е надминат тешкиот период во нивниот брак, односно дека Тони веќе ги има заборавено излетите на својот сопруг од спалната соба, за што беа на прагот да се разведат пред неколку години.

Тери има одиграно 703 натпревари во кариерата на кои постигнал 66 погодоци и освоил четири титули во Премиер лигата, по еден од Лигата на шампиони и Европа лигата, а може да се пофали и со пет трофеи од ФА Купот, три од Лига купот, како и два од Комјунити шилд.