Познатата актерска двојка Кејт Холмс и Том Круз откако ја добија ќерката Сури и по двегодишното заедничко живеење, за еден месец ќе запловат и во брачни води, објавија американските таблоиди. Веста за бракот ја потврди и портпаролот на двојката Арнолд Робинсон.
-Венчавката сў уште е во фаза на планирање, но ќе се случи најдоцна за шест недели.
Кејт и Том не го сокриваат возбудувањето од големиот ден. Секогаш велеа дека ќе се венчаат во рана есен и решија тоа да се случи годинава-вели гласноговорникот на среќните родители.