Сите држави си имаат мафија, само кај нас мафијата си има своја држава. Прв проект што го реализираа Зоран Заев и СДСМ беше укинување на Советот за јавни набавки, да може да влијаат во доделувањето на тендерите, истакна Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Мали деца знаат дека нема тендер во државата што не поминува без да биде одобрен од Зоран или Вице Заев. Истото се случува и во АД ЕЛЕМ, каде што како награда за исполнувањето на агендата на Вице Заев и СВ Инвест во РЕК Битола, беше донесен да биде директор Васко Ковачевски. АД ЕЛЕМ е еден од најголемите институции во Република Македонија и институција која е во првите 10 најголеми објавувачи на тендери и јавни набавки. Затоа и Васко Ковачевски беше поставен за директор, за да може да ги реализира јавните набавки и тендери на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола по теркот на Заеви, рече Томовски  и додаде:

Транспарентноста е слаба страна на СДСМ и Зоран Заев, па затоа во текот на 2019-тата година, мораме да потенцираме дека дури 57% од сите објавени тендери во Република Македонија, завршиле со 1 или 2 понудувачи во 4 очи. Замислете колку работа ќе има новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, само да ги истражи сите овие сомнителни криминални тендери во 2019-тата година.  Да се фокусираме на АД ЕЛЕМ каде што директор е послушникот на Зоран и Вице Заев. Доколку се анализира бројот на поништени постапки за јавни набавки во АД ЕЛЕМ во однос на 2017-тата и 2019-тата година, јасно може да се види дека АД ЕЛЕМ е компанија која што оваа година има поништено најмногу тендерски постапки по основ на жалби, што уште еднаш покажува за криминалното и наместено работење на менаџментот на АД ЕЛЕМ.

Во 2017-тата година, подвлече тој, биле поништени 149 постапки за јавни набавки и тендери, додека пак во 2019-тата се поништени 409 постапки за јавни набавки и тендери, односно бројот за поништени тендери во 2019-тата кога Васко Ковачевски е директор во однос на 2017-тата година е пораснат за цели 175% односно за дури 3 пати повеќе.

Ова уште еднаш покажува за недомаќинското и криминално работење. Изминативе 3 години АД ЕЛЕМ стана дувло за испумпување пари на фамилијата и криминални тендери. Да потсетиме дека камионите на Вице Заев беа фатени како возат преку СВ Инвест во  РЕК Битола. Се уште немаме ниту одговор од комисијата за жалби по јавни набавки дали ќе ја поништи незаконски спроведената постапка за јавна набавка на помошна механизација која тежи цели 19 милиони евра народни пари. Но, за сето ова и за целиот криминал што се случувал години наназад, одговор ќе има по 12-ти април кога ќе дојде обновата на Македонија и ќе се разоткрие целиот криминал на СДСМ и фамилијата Заеви.