x

Толку од милионите во Кина: Кинеската Суперлига воведува „Селари Кап“

china-super-league

„Кинескиот фудбалски сон“ се чини веќе е завршен. Кина реши да стави забрана за астрономски плати за странски фудбалери во првенството. Новинската агенција Ксинхуа, всушност, најави дека Кна воведува „Селари Кап“, односно лимит на платите на фудбалерите од следната сезона.

Строгото ограничување на платите ќе биде направено за да се поттикне растот на домашниот фудбал.

Во моментов клубовите се потпираат главно на странците, а во втор план се ставени домашните играчи. Во иднина, секој клуб ќе може да потроши максимум 75 милиони евра за плати, со плафон од 10 странци во една екипа. Платите на кинеските играчи ќе бидат ограничени на пет милиони јуани (628.000 евра), додека оние што имаат двајца странски играчи нема да можат да надминат три милиони евра.

Трошењето на клубовите од кинеската Супер лига е околу десетпати поголемо од колегите од корејската К-лига.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата