x

Толку беше: Васоски утре во Струмица за последен пат на клупата на Вардар!

vasoski-tiket-3

Како што дознава СПОРТМЕДИА, утре во Струмица, на мечот со Беласица, Александар Васоски за последен пат ќе биде на клупата на Вардар. По мечот, без разлика каков ќе биде исходот, некогашниот репрезентативец, играч на Вардар и стопер со богата и интернационана кариера, ќе се прости од клубот во кој цели шест години беше во стручниот штаб. Прво како асистент на Андреев, Седлоски, Јаневски и Бабунски, а од јули 2018 година и како шеф на струшниот штаб.

Васоски во минатата, “корона – сезона“ со Вардар ја освои и титулата во ПМФЛ, а во оваа есен со “младинскиот“ Вардар, со големи финансиски проблеми, одигра навистина одлично.

Тоа значи дека од утре- задутре, Вардар ќе мора да си бара нов шеф на стручниот штаб.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата