x

Толедо со порака за сите навивачи на Вардар: Благодарам многу Република Македонија!

Откако не успеа да го покаже сиот свој потенцијал во Вардар минатата сезона, пред се поради повредата, Бразилецот Хозе Гиљерме де Толедо летово реши да си замине од Скопје. Тој ќе ја продолжи кариерата во Баја Маре, но на социјалните мрежи испрати поздрав до сите навивачи на Вардар.

„Од семејни и приватни причини не ќе бидам дел од убавата иднина на Вардар. Би сакал да им се заблагодарам на сите соиграчи што ги имав минатата сезона, на сите што работеа во клубот и на целиот народ на Македонија, без исклучок!

Како и на оваа фотографија, се надевам дека ќе погледнам и ќе се насмевнам, ќе го видам знамето на Република Македонија и симболот на Вардар на највисокото место на подиумот, каде што припаѓа и никогаш не требаше да го нема. Ви благодарам и илјада извинувања што не успеав да ја ја завршам мојата работа како што сакав!“, напиша Толедо.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата