x

Токио гради комплетна Ковид-19 клиника во рамките на Олимпиското село

tokyo-2020-corona

Организаторите на ЛОИ во Токио ќе го „опремат“ Олимпиското село со комплетна Ковид-19 клиника. Болницата нема да има кревети и нејзината цел ќе биде да ги истражува потенцијалните пациенти со симптоми на самото место за да не ја шират инфекцијата во главниот град на Јапонија.

Ќе има и центар за тестирање во самото Олимпиското село, но сепак сè уште е нејасно каде ќе бидат сместени луѓето заразени со коронавирус.

Организаторите размислуваат да изградат посебни простории со кревети за оние кои ќе имаат позитивен тест. Олимпиското село во Токио има 21 зграда на располагање на спортистите, како и места за одмор и релаксација. За време на игрите се очекува да пристигнат околу 30.000 луѓе.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата