x

Тод: Го посетив Шумахер, се бори…

Челникот на светската автомобилска индустрија, и некогашен шеф на Ферари Жан Тод, неодамна го посетил Михаел Шумахер.

Шуми досега можеа да го посетуваат само членови на неговото семејство, но сега во посета му отиде и Тод, неговиот поранешен шеф. Тој верува дека Светот повторно ќе има можност да го види Шумахер.

„Го видов Шумахер минатата седмица. Се бори. Се надевам дека светот повторно ќе може да го види. Тоа е на што неговата фамилија работи“, рече Тод пред ГН на Унгарија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата