x

Тодоров: Кој знае да даде одговор што ќе се случува до ноември?

aco-todorov-1-1

Пандемијата коронавирус направи промени во сите натпреварувања, европските федерации ја бараат добитната и безболната формула за продолжување на предвидените активности на националните селекции.

ФИБА одлучи, наместо традиционалниот начин на квалификации, наредните два квалификациски циклуси, ноемврискиот и февруарскиот, да бидат модифицирани, да се спроведат т.н. „балони“, нема да има домашни или на гостински мечеви.

Ова знали дека двата натпревари во ноембри против Италија и Естонија, како и останатите два во февруари ќе се играат турнирски на терен кој ќе има најмал процент на „Ковид-19“.

За селекторот, Александар Тодоров целата ситуација е комплицирана. Пандемијата коронавирус ги затвори границите, тешко е да се планира било какво патување, не може никој да даде точни прогнози, ниту да крои планови.

„Во овој период многу работи се менуваат секојдневно. Затоа, треба да почекаме да видиме што ќе се случува во почетокот на ноември. Впрочем, кој знае да даде одговор што ќе се случува до ноември? Дали и какви забрани за патувања ќе има. Кога го говорам тоа не мислам само на патувањата на репрезентациите, туку, исто така, за организирање на пристигнувањето и заминувањето на репрезентативците кои настапуваат во странство“, вели Тодоров за официјалната страница на КФСМ.

Вели дека не е изненаден од одлуката на ФИБА…

„Иако за многумина одлуката на ФИБА од пред неколку дена е изненадувачка, не поради начинот на играње, а заради самиот факт воопшто да се дозволи одигрување на ноемврискиот прозорец, за мене лично тоа е една сосема очекувана одлука. Секако, имајќи ги во предвид финансиските бенефити од овие прозорци, но и згуснатиот календар во втората половина на 2021, квалификации за Олимпијадата, Олимписките Игри, почеток на квалификации за СП 2023…“

За селекторот на нашиот национален тим дилеми нема, ризикот за играње на меѓународни натпревари во овој момент е – преголем

„Независно каде ќе се игра ‘балонот’, ризикот по здравјето на играчите и останатите членови на репрезентациите ќе биде голем. Впрочем гледаме насекаде безбројни одложувања на натпревари заради заразени играчи, а според сите најави, нè очекува уште пожесток бран со почетокот на есента“, вели предводникот на нашиот национлен тим за кого подобро е што средбите ќе се играат на неутрален терен:

„Ако говориме за кошаркарскиот дел, сигурно е дека за нас е подобро средбите да се играат на неутрален терен. Иако, се разбира, возможно е организацијата на нашата група да биде доделена на Естонија, поради, барем засега, погодната епидемиолошка ситуација таму. Но сепак…“

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата