x

Тоа не личи на гигант: Искусниот стопер преку медиумите дознал дека ќе нема нов договор

boateng1111111

Баерн Минхен несомнено е гигант во светскиот фудбал. Актуелниот европски првак наводно нема да му го продолжи договорот на Жером Боатенг, а за тоа не го информирал.

Стоперот, пак, вели дека тоа го дознал од медиумите. Сепак, притоа напоменува дека никој до сега му нема споменато за нова соработка.

„Никој до сега не ми се јавил за нов договор. Засега дознавам само од медиумите. Ако е тоа вистина, изненаден сум. Играчите, стручниот штаб и навивачите ме ценат. Барем така мислам“, рече Боатенг.

Договорот на Боатенг истекува по завршувањето на сезоната, и ако не го продолжи, ќе може да замине како слободен играч.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата